За нас
JАВНО ОПШТИНСКО ПРЕТПРИЈАТИЕ ШАР ТЕТОВО
Јавното општинско претпријатие Шар Тетово е формирано со Одлука на Советот на Општина Тетово бр.08-14772/23 од 29.12.2023 година, како јавно претпријатие за снабдување со вода за пиење и одведување на отпадни води, согласно Законот за јавни претпријатија. Општина Тетово е основач на претпријатието и ги има сите права и обврски кои произлегуваат од Законот за јавните претпријатија и другите законски одредби. Јавното општинско претпријатие Шар Тетово е формирано за да ја врши дејноста снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води за територијата на општина Тетово. Претпријатието има свој печат, штембил и амблем.
